![]() |
Kuzevski Flözweg 11 Dortmund 44149 Deutschland ![]() ![]() |
Почетна | Преводи | Вработување | Претставништво | Контакт | Импресум |
![]() ![]() |
ПретставништвоНаша задача е, да Ви помогнеме при освојување на нови пазари Доколку сте прозводствено претпријатие, и сте во потрага по нови пазари, или веќе имате клиенти во Сојузна Република Германија (или германското говорно подрачје) и Ви е потребна поддршка при воспоставување, односно оддржување на бизнис врските, кај нас сте на вистинската адреса.
По повеќегодишно работење во набавната служба на голема германска фирма, можеме за нас да тврдиме дека ги познаваме условите, потребите и начините за водење бизнис на германските фирми. Почнувајќи од понуда, преку порачка, испорака и плаќање, ќе имате на Ваша страна лојален партнер, кој на лице место ги застапува и брани Вашите интереси во бизнисот. Можните јазични, културни, обичајни и други недоразбирања ќе бидат со тоа отстранети. Заедно ќе пронајдеме решенија за секој евентуален проблем, ќе најдеме нови партнери и клиенти и ќе ја прошириме областа на Вашето дејствување. Дозволете заедно да појдеме во потрага по „иглата во стог сено“. Како партнер на индустриски претпријатија веќе имаме пронајдено приличен број „игли“ и имаме дојдено до оптимални бизнис решенија. Пратете ни ги Вашите понуди и ние ќе тргнеме во потрага по партнери. Со наша помош и поддршка ќе успееме истите да ги придобиеме и да воспоставиме цврсти бизнис контакти. Се радуваме на Вашата порака преку контакт формуларот на Kuzevski Industrievertretung. |