Kuzevski
Flözweg 11
Dortmund 44149
Deutschland

  +49 (231)   28 26 900
  +49 (231) 474 10 155

Вработување

ПОСРЕДУВАЊЕ ЗА ЛЕКАРИ ОД МАКЕДОНИЈА ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА

Со помош на долгогодишното искуство како преведувач, при преведување на документи на медицински персонал од Македонија, остваривме врски и контакти со клиники кои постојано имаат потреба од лекарски персонал.

Ние ќе Ве водиме преку:

  • Објаснување на целата постапка за можно вработување во Германија и подготовка за истата
    Ќе Ве подготвиме околу тоа кои скалила треба да се поминат, кои се предусловите за добивање лиценца за работа како лекар во Германија, како тие да се исполнат.
  • Започнување на постапката
    Ќе Ве упатиме до институции кадешто можете оптимално да бидете припремени за продолжување на Вашата професионална кариера и за Вас ќе оствариме контакти за можно вработување.
  • Постојан соговорник
    Во текот на целата постапка ќе имате постојан соговорник околу сите прашања кои ќе се отворат за време на подготовката, кој соговорник ќе може да Ви даде насоки на делување и можни решенија на отворени прашања. Во секое време можете да бидете сигурни дека Вашиот соговорник работи за и ги застапува Вашите интереси.
  • БЕСПЛАТНО ПОСРЕДУВАЊЕ !!!
    Бидејќи имаме долгорочни договори со нашите партнери, нашата услуга ја покриваат тие, околу тоа Вие нема потреба да губите време.

Со задоволство ќе Ви објасниме повеќе околу целата постапка откако ќе ни се обратите преку формуларот за контакт.